facebook    instagram  +389 75 845 711   +389 48 413 165   orbita_info@yahoo.com                                                                                                                   Блог   Услови   За Нас   Контакт

Хотел "Globus" - Римини, Италија

1 Лице 8 ноќи 9 Дена
цени од 300€

ОРБИТА Ве води на летување во Римини

На ваше барање и наше огромно задоволство ОРБИТА продолжува со реализација на летните аранжмани во Римини, Италија и во 2024!

Нашата понуда за Римини е градена врз основа на минатогодишните искуства и задоволството на нашите патници кои го уживаа за време на летувањето во Римини! Од минатогодишната сезона сите патници ни се презадоволни од аранжманот и остварувањето на нивните очекувања во Римини.

Орбита како агенција секогаш ја има предвид и куповната моќ на македонскиот турист бидејќи ние сметаме дека секој заслужува да ја посети и да ја ужива оваа италијанска ривиера.

Летните аражмани во Римини опфаќаат повеќе сегменти: Подолг престој поради далечината на дестинацијата, автобуски превоз поради пониската цена која може да си ја дозволат повеќето патници и класификацијата на хотелот кој може да си го дозволат повеќето патници.

Зошто сметаме дека вашата годишна заштеда за летен одмор вреди да ја инвестирате во аранжманот за Римини, Италија?

Постојат повеќе причини, но еве неколку од поважните:

  • Аранжманот ви овозможува 9 или 10 дена на море и на песочна плажа која е долга цели 15 километри.
  • Со уплатата на аражманот вие ќе го посетите градот Римини. Град чувар на многу историски знаменитости и објекти изградени за време на античката Римска империја. Многу од овие објекти постојат и денеска, а вашата прошетка низ градот ќе ве транспортира назад во историјата.
  • Ќе престојувате на втор ред од масивна песочна плажа, за која туристите велат дека и „нема крај“.
  • Ќе имате можност да посетите бесплатен „Аква Парк“ кој е гратис од нашата агенција. Аква паркот се нарекува Beach Village. На плажа број 136.
  • Сакаме да ви напоменеме дека во Римини постојат 7 до 8 (многу плажи) плажи на кои имате слободен влез и каде можете да си поставите ваши пешкири и чадори бесплатно. За полесно да ги најдете истите доволно е на Google Maps да го напишете следното: Spiaggia libera Rimini и самата мапа ќе ве однесе до првата плажа која што не се наплаќа. Првата слободна плажа е на околу 400м од хотелот каде што сте сместени веднаш до плажа број 99.
  • И секако ќе имате можност да посетите многу градови во кои има многу заштитени УНЕСКО обележја.
  • Но исто така, ќе имате можност да ја посетите државата Сан Марино која се наоѓа недалеку од градот Римини.

За Римини има многу работи кои вреди да се прочитат. Ние ви одвојуваме неколку текстови кои можеби ќе ве поттикнат да ја посетите оваа прекрасна дестинација.

За оние кои се љубители на уметноста, архитектурата и историјата. Римини е музеј на отворено и вреди да се доживее. Дали знаете дека во Римини одредено време живеел и Леонардо Да Винчи? Дали знаете дека Римини бил територија за борбата помеѓу Галите и Римјаните, по кој факт му помагаат да прерасне во најголемото пристаниште на Јадранот. Повеќе информации за овие факти можете да дознаете со еден клик ОВДЕ.

Дали знаете дека Римини го нарекуваат главниот град на италијанскиот крајбрежен туризам? Повеќе информации ќе дознаете со еден клик ОВДЕ.

Дали можеби ве интересира кои се историските и уникатни знаменитости во Римини кои треба да ги посетите? Кликнете ОВДЕ.

Дали можеби ве интересира кои се модерните уникатни атракции по кои е познат Римини, а кои можете да ги посетите? Повеќе информации со еден клик ОВДЕ.

Регионот „Емилија Ромања“ се наоѓа на самиот брег на Италија, на природната граница помеѓу Јадранското Море, рекалта По на север и Апенините на југ. Може да се рече дека овој регион го дели планинскиот север со топлиот југ. Во античко време, регионот се нарекувал само Емилија, но со поврзувањето на источниот дел со неколку други градови, овој регион го додал и називот Ромања. Областа била стратешка локација, бидејќи преку неа поминувала Виа Емилиај во Рим, изградена во 187 година пред нашата ера.

Денеска, регионот е атрактивна туристичка дестинација не само поради одличната пристапност, туку и поради бескрајната разновидност на активности и атракции во текот на целиот ден и цела ноќ. Долгите и песочни плажи ги привлекуваат туристите, а плажите се погодни за семејства со деца. Овде привлекува и локалната кујна од локалното население. Римини е бисер кој треба да се посети, не залудно Римини е познато и како родното место на познатиот италијански режисер Федерико Фелини.

Сместување

Хотел Глобус 3* Римини

Сместувањето во Римини е во хотелот Глобус кој е хотел со 3 ѕвезди и ги задоволува потребите и барањата на македонските туристи. Хотелот е на само втор ред од плажа, а престојот во хотелот вклучува и појадок за гостите.

Хотелот има двокреветни соби, трокреветни соби и можност во трокреветната соба да се додаде четврто легло.

Хотелот има бесплатен Wi-Fi, а има и ресторан и бар кои работат во текот на целиот ден и во кој гостите може да ручаат и вечераат со доплата дирекно во хотелот.

Собите во хотелот имаат ТV, тоалет, а дел од собите имаат и балкони, но сместувањето по собите го одредува менаџментот на хотелот според карактиристиките на собите.

Хотелот служи континентален појадок.

Собите на хотелот имаат клима уреди.

Хотелот е идеален за групи (друштва), парови.

Хотелот има рецепција која работи 24/7.

Хотелот има одлична локација, на 5 минути до плажа, на улица со многу продавници, супермаркети, кафулиња и ресторани.

Концептот на креветите во хотелските соби ги одредува менаџментот на хотелот, а не агенцијата.

Цени

Римини - Хотел Глобус
Термин Ноќевања Промо цена Редовна цена
05.06 - 13.06.2024 8 300 335
13.06 - 21.06.2024 8 333 370
21.06 - 30.06.2024 8 n/a n/a
30.06 - 08.07.2024 8 369 410
08.07 - 16.07.2024 8 378 420
16.07 - 25.07.2024 8 378 420
25.07 - 02.08.2024 8 432 480
02.08 - 10.08.2024 8 432 480
10.08 - 18.08.2024 8 432 480
18.08 - 26.08.2024 8 405 450
26.08 - 03.09.2024 8 378 420

Цените се изразени во евра, се плаќа во денари по денарска противвредност 1евро = 62 денари.

Што е вклучено во цената

  • 8 ноќевања со вклучен појадок во хотел Глобус во Римини
  • Автобуски превоз на релација Македонија- Римини-Македонија
  • Туристички претставник за време на одморот
  • Бесплатни влезници во аква парк
  • Бесплатен Wi-Fi во хотелските соби

Што не е вклучено во цената

  • Патничко осигурување
  • Ручек и вечера (гостите имаат можност да нарачат дирекно во ресторанот на хотелот)
  • Туристичка такса (околу 2 евра од ден по лице и се плаќа за само 7 дена).

Важно

  • За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници
  • Почитувани родители, ОРБИТА е свесна за вашата желба да отпатувате на одмор со вашите мали деца со организиран превоз. Но ние како одговорна компанија заземаме став дека деца помали од 8 години може да имаат проблем при патувањето.Имено, само сакаме да ви посочиме дека времетраењето на оваа патување со автобус е околу 20 часа во еден правец.  Ве советуваме и замолуваме  горе наведеното да го имате предвид при резервацијата на аранжманот.
  • За деца со полни 12 години се плаќа цела сума
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
  • Патувањето се реализира исклучиво со пасош (патна исправа).
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за два правци и право на избор на седиште. Ве молиме почитувајте го ова правило. ОРБИТА е агенција која за сите постапува исто. Без разлика дали сте редовни патници или патувате првпат. Правилата важат за сите подеднакво.

Факултативни излети

MIRABILANDIA- ЗЕМЈАТА НА ЧУДАТА

Цена за пакет:

Mirabilandia се наоѓа во Савио (Равена) и е најголемиот тематски и воден забавен парк во Италија.

Составен е од две главни области: тематски парк, поделен на седум области и воден парк

Тематскиот парк е полн со зеленило и содржи механички, водни и тематски атракции и разни емисии.

Водениот парк има базени. До Mirabilandia е водениот парк Mirabeach, вистински карипски тематски парк со прекрасни тематски претстави секој ден!

Цена за влезница: 37 евра за возрасни и 27 евра за деца. Патниците го посетуваат местото со сопствен јавен превоз.

ПОСЕТА НА SANTARCANGELO

Цена за пакет:

Прошетка во еден од типичните градови за Ромања, вечерна улична забава, пазар на занаетчии и улично шоу. Полудневна тура.

ВО ЦЕНАТА ВКЛУЧЕНО: ТРАНСФЕР ХОТЕЛ- САНТАРКАНЏЕЛО – ХОТЕЛ СО ПРИРАЧНИК НА ТУРА, СЛОБОДНО ВРЕМЕ ВО ИСТОРИСКИОТ ЦЕНТАР 3 ч.
ЕКСТРА: ПОСЕТА НА ПОДЗЕМНИ ПЕШТЕРИ

ПЕШАЧКАТА ИСТОРИСКА ТУРА ВО РИМИНИ

Цена за пакет:

Оваа тура ќе ви овозможи да ја научите историјата на Римини, да го посетите истражите центарот на градот заедно со локален водич на англиски јазик.

ПЕШТАЧКА ТУРА ВО ГРАДОТ НА ПОЗНАТИОТ РЕЖИСЕР ФЕДЕРИКО ФЕЛИНИ, ГРАД СО ИСТОРИЈА ВО 2000 ГОДИНИ. ОД АНТИЧКИ РИМСКИ СПОМЕНИЦИ ДО СРЕДНОВЕКОВНИ ЗАМОЦИ.

Тура од 12:00 до 14:00 часот

Во цената е вклучено разглед со водич, слушалки.

Патниците сами пристигнуваат на договорената локација.


Посета на Сан Марино

Цена за пакет:

Полудневна автобуска тура до најстарата република во светот. Пешачка тура со лиценциран водич на англиски јазик низ историското јадро на главниот град, дегустација на локални ликери и вина. Во рамките на индивидуалното слободно време постои можност за пазарење во Duty free продавници во бесцаринската зона.

ПОЛУДНЕВНА ТУРА 14:30 – 19:00 (20km)

ВО ЦЕНАТА ВКЛУЧЕНО: ТРАНСФЕР ХОТЕЛ – САН МАРИНО – ХОТЕЛ СО ПРИДРУЖНИК, ДЕГУСТУВАЊЕ НА ВИНА И ЛИКЕРИ НА САН МАРИНО, СЛОБОДНО ВРЕМЕ 3 ч.
ЕКСТРА: Разглед на градот СО ВОДИЧ НА САН МАРИНО САН МАРИНО 15€ НА БАРАЊЕ ВКЛУЧУВАЈТЕ СЛУШАЛКИ

Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ

Тимот на ОРБИТА Ви посакува пријатен одмор.

Резервирај сега

 

Јавете се

+389 75 845 711

Понеделник - Петок

09:00 - 19:00 ч.