facebook    instagram  +389 75 845 711   +389 48 413 165   orbita_info@yahoo.com                                                                                                                   Блог   Услови   За Нас   Контакт

Вила "Afroditi" - Нидри, Лефкада

7 Ноќи 8 Дена
цени од 159€

Лефкада е остров на Јонскиот Архипелаг, кој  се наоѓа јужно од Крф и североисточно од Кефалонија, а со континенталниот дел на Грција е поврзана со подвижен мост. Лефкада со причина ја нарекуваат островот на бојата: белата боја на карпите, школките и песокта по кои го добила и името;  сината боја на морето која може да се спореди со морињата во некои далечни егзотични дестинации; зеленилото на боровите,чемпресите,шаренилото на цвеќињата,маслиновите дрвја.. Големиот број на таверни, барови, ресторани ќе го направат Вашиот одмор уште попријатен. Најпознатите и најубави плажи на островот Порто Кацики, Егремни, Милос, Катисма…со својата убавина никој нема да го остави рамнодушен. Нидри е најголем и најпознат туристички град кој се наоѓа на југоисточниот дел на островот. Сместен е во залив опкружен со малите островчиња Мадури, Меганиси, Скорпио кои се сопственост на Оназис. Ова летовалиште изобилува со продавници, таверни, ресторани, кафулиња и има долга градска плажа. Покрај пристаништето во кое се закотвени бродовите кои крстарат околу островот и превезуваат капачи до другите островчиња, тука се наоѓа и марината за јахти која претставува совршено уточиште на многубројните наутичари и едриличари.

Вила Афродити Б кат. – Нидри – на самиот брег, 300 метри од плажа, во непосредна близина на центарот, многуте таверни и шеталиштето, уреден двор со зеленило и мала пицерија, рецепција, прикладни места за паркирање во близина со обезбедување и плаќање (бесплатно паркирање малку подалеку). Студијата се опремени со мали кујни, тоалет, ТВ, клима ВКЛУЧЕНА во цена, тераси, чистење на апартманите на 3 дена. Студиата се со традиционален дизајн , со различна големина , некои се со поглед на море.

GPS 38.70542623037782, 20.70885091516509

Попусти за рана уплата : -20% до 10/12/2023 -15% до 31/12/2023 -10% до 28/02/2024
Напомена: корегирани термини на 06/12/2023
1/2 студио 1/2 студ.поглед
7 наем 7 наем
149 159
169 179
269 279
299 309
359 369
379 389
419 429
449 469
449 469
449 469
449 469
449 469
429 469
369 379
299 309
229 249
199 219
  • Цените се дадени за наем на студио 7 ноќи во Еур за уплата исклучиво во МКД по курс 62 ден/Еур.
  • Дозволено е сместување спрема капацитетот на студио (број на кревети) освен 1 дете до 7 години во кревет со родител.
  • Автобуски превоз 55Еур возрасни Битола.
  • Доплата за превоз 10 Еур: Струга,Oхрид, Ресен, Скопје, Велес, Дреново, Прилеп.
  • Деца од 2 до 11,99 год: Попуст – 10 Евра од редовната цена. Климата е ВКЛУЧЕНА во цена.
  • За уплата на 2 или повеќе темини одобруваме 7% попуст. Попустите не може да се комбинираат.
  • Термините обележани со црвено се промо и не подлежат на попуст. Попустите не може да се комбинирааат.
  • Туристичката такса се плаќа на лице место.

Бус Парга-Врахос-Лефкада

  • Агиос Никитас 13.00 часот
  • Нидри 14.30 часот
  • Никиана 14.45 часот
  • Врахос 15.30 часот
  • Амудиа 15.45 часот
  • Парга 16.00 часот

Важат Општите услови за патување на ОРБИТА и СКТМ

Тимот на ОРБИТА Ви посакува пријатен одмор.

Резервирај сега

 

Јавете се

+389 75 845 711

Понеделник - Петок

09:00 - 19:00 ч.